Претстои жешко трансфер лето, 11 големи ѕвезди уште се слободни и бараат клуб

Некои од големите ѕвезди на кои им истекоа договорите со клубовите за кои играа сезонава, потпишаа нови договори и знаат каде ќе играат во следната сезона, но има и 11 познати светски фудбалери кои уште во потрага по ангажман.

Еден од најдобрите слободни агенти во моментов е Пол Погба, кој си замина од Манчестер јунајтед, и веројатно ќе се врати во Јувентус, но додека не потпише, ништо не е сигурно.

Јувентус останува без Пауло Дибала, а Аргентинецот е пред трансфер во Интер. Слободен е и Осман Дембеле кој играше за Барселона, и уште си игра топло-ладно со клубот. Најголем интерес за Дембеле има од Челзи и ПСЖ.

Кристијан Ериксен пред една година за малку ќе починеше на терен, а сега е меѓу најбараните слободни играчи. Данецот не може да игра во Италија, па најреално е да остане во англиската Премиерлига. За Џеси Лингард кој не се снајде во Манчестер јунајтед, се интересираат клубови од Англија и Италија, па може да бира помеѓу повеќе опции.

Андреа Белоти од Торино не е во форма како пред некоја сезона, но сепак е играч кој би го посакале многу членови на Серија А, а има понуда и од Монако. Анхел Ди Марија си оди од ПСЖ како прв асистент во клупската историја. Главна цел на 34-годишниот Аргентинец кој уште е без клуб, е да биде во топ форма на СП во Катар, и размислува дали да прејде во Јувентус, Бенфика или Барселона.

Луис Суарес нема да остане во Атлетико Мадрид, а интерес за него има од Астон Вила и Ривер плејт. Иако не е во старата форма, Уругваецот нема да остане без трансфер во респектабилен клуб. Неговиот сонародник Единсон Кавани може да му биде ривал на Суарес ако прејде во Бока јуниорс. За Кавани следниот трансфер може да биде последен во кариерата и затоа размислува долго.

Реал летово немаше намера да им ги продолжи договорите на Герет Бејл и Иско, па и тие се слободни.

- Оглас -

Најнови вести