Некогашниот австриски фудбалски репрезентативец Волкан Караман вчера беше убиен во Виена, и тоа на сред улица. Оваа вест беше шокантна затоа што Волкан немал непријатели и ништо не наведувало дека може да се случи таква трагедија. Освен Караман, почина и неговиот убиец, кој веднаш потоа самиот си пресудил и се самоубил.
Во австриските медиуми денеска се појавија нови детали поврзани со оваа трагедија, а пишувањата се дека Караман бил убиен од негов 46-годишен пријател, кој извадил пиштол и му пукал директно во главата. Веднаш потоа се случило и самоубиството.
Шпекулациите се дека Караман имал љубовна афера со жената на неговиот пријател, кој само што дознал за тоа, решил да му пресуди на некогашниот фудбалер. Двајцата биле добри пријатели, често се дружеле, дури и еден ден претходно биле заедно.
Орхан С. е човекот кој го убил Караман, а потоа се самоубил. Тие двајцата биле заедно во кафетеријата, а кога требало да си одат, се случила трагедијата.
Was könnten die Gründe sein, dass nun niemand der @oevpwien um den ehemaligen Bezirksrat und Nationalratskandidaten Volkhan Kahraman offiziell trauert?https://t.co/CiA7fxGJHB
— Leo Kohlbauer (@LeoKohlbauer) February 9, 2023