На сред улица во Виена убиен ексрепрезентативец на Австрија

Поранешниот фудбалски репрезентативец на Австрија, Волкан Караман, е убиен во Виена, и тоа на сред улица. Караман имал караница со еден маж, кога непознатиот извадил пиштол и од близина пукал во главата на некогашниот фудбалер. Веднаш потоа напаѓачот се самоубил.

Според извештаите, двајцата мажи имале жестока расправија во една кафетерија, а потоа излегле на улица, каде и се случила трагедијата.

Караман, кој имаше 43 години, пред повеќе од 20 години важеше за голема ѕвезда во австрискиот фудбал. Професионалната кариера ја започна само на 17 години, и тоа во тимот на холандскиот гигант Феенорд.

За селекцијата на Австрија одигра три меча, а од активното играње се повлече во 2010 година.

- Оглас -

Најнови вести