Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкарас пред нешто повеќе од еден месец го играа финалето на Австралијан опен, а сега пред нивните настапи во Индијан Велс се сретнаа во САД и се поздравија топло.
„Па, каде си?!“ – го праша Новак пред да оди кон Карлос, а Шпанецот ја фрли целата опрема што ја носеше со себе пред да го прегрне најдобриот на сите времиња.

Двајцата разговараа кратко, во многу позитивен дух, а потоа се разделија.
Новак и Карлос се слободни во првото коло, Ѓоковиќ во второто коло ќе игра против Полјакот Камил Мајжак, а Карлос против Григор Димитров.
Двајцата можат да се сретнат меѓусебе само во полуфиналето на турнирот на кој Србинот ја брка својата 41-ва Мастерс титула, додека светскиот рекет број 1 е во мисија да ја продолжи својата серија без пораз по победите на турнирите во Мелбурн и Доха.

