Прилеп е во транс, Победа најавува кам-бек во Првата лига

Победа од Прилеп има амбиции да се врати во Првата лига и има одличен старт кон остварување на целта. Прилепчани денеска ја забележаа и втората победа, откако беа подобри од Кожуф.

Спиркоски од пенал во 30. минута им донесе предност на гостите, а Јошевски во 61. минута ја запечати победата на прилепчани.

Кожуф играше со фудбалер помалку, бидејќи во 26. минута беше исклучен Ников. Победа е двоен македонски првак и има титули од првенства во 2003/04 и 2006/07.

На останатите натпревари од второто коло во Втората лига Исток, Братство и Беласица одиграа 1:1, Кит Го го победи Детонит со 4:1, Саса каменица славеше против Локомотива со 1:0, а со идентичен резултат и Слога Виница го победи Осогово.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести