Пример за верност, Марио Гомес ќе игра за Штутгарт и во втора лига

Штутгарт по трети пат во клупската историја испадна во втората Бундеслига, а една од малкуте добри вести после неуспехот во баражот против Унион Берлин дојде од една од ѕвездите на „швабите“, Марио Гомес.

Гомес преку својот менаџер, потврди дека сака да игра за Штутгарт и во популарната Цвајта.

„Марио сака да му помогне на клубот да ги санира штетите. Тој нема да го напушти клубот во ваква состојба”, – изјави агентот на голгетерот, Ули Ферберг.

Гомес има 33 години, а договорот со Штутгарт му трае до 30 јуни 2020 година, и ќе го одработи до крај. Од клубот најави заминување офанзивниот халф Стивен Цубер, кој играше како позајмен и во следната сезона ќе се врати во Хофенхајм.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести