Аталанта на неславен начин го заврши настапот во Лига на шампиони откако два пати беше убедливо поразен од Баерн Минхен со 6:1 и 4:1. Иако прими дури 10 голови во двомечот со германскиот гигант и вкупно шест средби е без победа, челниците на Аталанта очекуваат да ја продолжат соработката со тренерот Рафаел Паладино.
Паладино ја презема екипата од Бергамо во ноември 2025 година доаѓајќи на местото на Иван Јуриќ, кој не се снајде најдобро по наследувањето на местото на долгогодишниот тренер Џанпјеро Гасперини. Со Паладино на чело, играта на Аталанта се стабилизира, тимот се врати во горниот дел од табелата (од 13 место скокна на седмата позиција), а е на прагот да игра и во финалето на Купот на Италија.
Актуелниот договор на Паладино е до јуни 2027 година, а очекувањата се договорот да му биде продолжен за уште две сезони, односно до јуни 2029 година.

