Принцот ќе игра со дресот на Кралот, Нејмар во Сантос ќе ја носи 10-ката (Видео)

Нејмар вечерва ќе слета во Сао Пауло за да го потпише шестмесечниот договор со својот матичен клуб Сантос, а потоа ќе биде претставен и пред фановите на клубот за кој играше до пред 13 години.

Нејмар ќе го носи дресот со бројот 10, бројка која во минатото во Сантос ја носеше Кралот на фудбалот, покојниот Пеле.

Клубот објави видео во кое принцот Нејмар му се обраќа на кралот Пеле.

„Здраво кралу. Многу ми недостасуваш. Кралу Пеле, твојата желба за мене е заповед. Тронот и круната се твои, бидејќи ти си вечен. Но бројот 10, ќе ми биде чест да го носам овој свет број на дрес кој му значи многу на Сантос и на светот. Ветувам дека ќе дадам сè што можам за да го оправдам твоето наследство кралу. Си одам, но ќе се вратам. Се сеќаваш на оваа реченица? Епа, принцот се врати“, вели Нејмар во емотивното видео.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести