Признание за ѕвездата во подем: Фати најдобар за септември во Ла Лига

Ансу Фати ја доби наградата за најдобар фудбалер за месец септември во Ла Лига. Одличниот тинејџер на Каталонците запиша три погодоци и една асистенција во победите против Вилјареал и Селта Виго, додека мируваше во ремито против Севилја.

За Фати ова е прво признание од ваков тип, го добива уште во првиот месец од новата сезона во шпанското првенство, односно првпат откако беше прекомандуван во првиот тим кој го води Роналд Куман.

Очигледно е дека Куман со право му дава доверба на Фати во стартните 11, а 17-годишната ѕвезда во подем возвраќа со редовно тресење на мрежите.

- Оглас -

Најнови вести