Проблем за Лејкерс, Дејвис се повреди во мечот против Бруклин

Новата ѕвезда на ЛА лејкерс Ентони Дејвис, се здоби со повреда на палецот од десната рака во првото полувреме од мечот против Бруклин нетс во претсезоната. Популарната Веѓа не беше во можност да се врати на теренот поради болки, а се чека крај на средбата за да оди на дополнителни детални прегледи со цел да се утврди сериозноста на повредата.

Познато е дека Дејвис во текот на кариерата се справуваше со тешки повреди поради кои пропушташе цели сезони, а веќе две години е во полн погон и имаше големи амбиции за претстојната сезона откако се приклучи во втората најефикасна франшиза во НБА лигата заедно со Леброн Џејмс.

По две четвртини Бруклин води со 47:36 против Езерџиите, а ова е втора меѓусебна средба во претсезонските подготовки, претходно Нетс славеа со 114:111.

- Оглас -

Најнови вести