Проблематичен камбек на Робен во Гронинген: Се повреди во дуелот против екстимот ПСВ (фото)

Арјен Робен беше пречекан како легенда од страна на навивачите на Гронинген во првото коло од новата сезона во Ередивизе. Ограничениот број на гледачи на „Еуроборг“ му посакаа добредојде дома на поранешната ѕвезда на Баерн минхен, а своето повратничко деби Робен го оствари против ПСВ Ајндховен, клубот за којшто играше во 2002 година.

Сепак, официјалниот камбек на Робен во зелено-белиот дрес откако се врати од пензија не се одвиваше според планот, по што се здоби со повреда и мораше да го напушти теренот по само половина час. Инаку гостите триумфираа со конечни 3-1.

- Оглас -

Најнови вести