Проблеми во рајот: Најмалку тројца играчи го кренаа гласот против Пеп

Манчестер сити ја заврши сезоната со двојна круна во Премиер лигата и Лига купот на Англија, но со поразот од Челзи во финалето од Лигата на шампионите не успеа да ја комплетира посакуваната триплета и првпат во историјата да застане на европскиот трон.

Во необичната сезона која е зад нас, густиот распоред го натера Пеп Гвардиола да се потпре на често ротирање на својот тим, а поради тоа неколку играчи го кренаа гласот против него. Стерлинг, Лапорт и Жесус се најгласни, наводно побарале да бидат продадени во текот на летниот преоден рок, а незадоволни од ситуацијата се Бернардо Силва, Кансело и Родри.

Новиот стопер на Шпанија остана на клупата во финалето кое се играше во Порто, Жесус доцна доби шанса и речиси да не се виде на теренот, додека и Стерлинг како стартер не можеше да се пофали со добар настап. Фактот што Гвардиола потфрли да изготви победничка тактика во најважниот меч за Сити ги натера овие играчи да се запрашаат околу својата иднина на „Етихад“.

Што се однесува до клубот, нема да се потресе доколку овие играчи си заминат бидејќи на тој начин ќе се регулира финансиската ситуација ако се знае дека Сити планира да троши на големо за услугите на англиските ѕвезди Хари Кејн и Џек Грилиш.

- Оглас -

Најнови вести