Проблеми за „карамелите“, ПСЖ им купува играч, тренерот Силва се закани со оставка

Идриза Геј е еден од клучните играчи во системот на игра на Марко Силва во Евертон, но раководството на „карамелите“ одлучи да му го продаде на Пари Сен Жермен, па поради протест, можно е да си замине и тренерот.

Силва и онака е под притисок постојано бидејќи од него очекуваа подобри резултати и пласман на Евертон во Премиер лигата, а сега треба да остане и без еден од клучните играчи во тимот.

Француските медиуми објавија двата клуба веќе се договориле и дека Идриза сигурно се сели во Париз како замена за повредениот Верати.

Сега на потег е Силва, кој се заканува со заминување.

- Оглас -

Најнови вести