Проблеми за Лејкерс, дали оваа повреда може да значи елиминација на шампионот?

Лос Анџелес лејкерс и Феникс санс играат 2:2 по првите четири меча во првото коло од НБА-плејофот. Сонцата од Феникс синоќа победија на теренот во Лос Анџелес и сега на свој терен ќе имаат шанса да стигнат до 3:2 во победи. На последниот меч, во тимот на Лејкерс само 19 минути на терен помина Ентони Дејвис, еден од двајцата главни играчи заедно со Леброн Џејмс.

Дејвис се пожали на повреда на препоните, поради што најверојатно нема да може да игра на следниот дуел во Феникс. Доколку Лејкерс го загуби петтиот меч, потоа нема да има право на кикс и ќе мора да има две победи по ред против Сонцата.

 

- Оглас -

Најнови вести