Проблеми за шпанскиот репрезентативец – Не сака да го продолжи договорот, Наполи ќе му го замрзне статусот пред Мундијалот во Катар

Фабијан Руиз се соочува со неочекуван проблем во Наполи и може да му биде замрзнат статусот во тимот и да биде на трибините во првиот дел од шампионатот во следната сезона ако не потпише договор со клубот.

Наполи бара шпанскиот репрезентативец и соиграч на Елиф Елмас да потпише нов договор или да се обврзе на клаузула за отштета од 30 милиони евра, па потоа да си замине, што е неприфатливо за Руиз.

Шпанецот е еден од најстандардните играчи во оваа генерација на Наполи и еден од столбовите на клубот, но сака да си замине и има понуди Арсенал и Манчестер јунајтед.

Ако контроверзниот претседател на Наполи, Аурелио де Лаурентис, не попушти и Руиз не игра во првиот дел од шампионатот во идната сезона, ќе му биде загрозен статусот во шпанската репрезентација и можно е Фабијан да не биде меѓу патниците за Мундијалот во Катар.

 

- Оглас -

Најнови вести