Соработката помеѓу Ракометната федерација на Македонија и Халкбанк продолжува и во 2026 година. Од РФМ велат дека ова е за доброто на македонскиот ракомет, а соработката започна во 2018 година.
„Денес беше официјално потпишан договорот за продолжување на спонзорската соработка меѓу Халкбанк АД Скопје и Ракометната федерација на Македонија, со што поддршката на Халкбанк кон македонскиот ракомет продолжува и во 2026 година.
Соработката меѓу Халкбанк и РФМ, која успешно трае од 2018 година, претставува стабилно и долгорочно партнерство насочено кон развојот, унапредувањето и поддршката на македонскиот ракомет на сите нивоа. Ракометната федерација на Македонија изразува искрена благодарност до Халкбанк за континуираната доверба, партнерство и поддршка, кои имаат значајна улога во реализацијата на програмите и активностите на Федерацијата. Заедно продолжуваме да градиме силна иднина за македонскиот ракомет“, велат од Ракометната федерација на Македонија.

