Прогласена воена состојба во Ерменија, неизвесна судбината на мечот Арарат – Црвена ѕвезда

Во Ерменија е прогласена воена состојба откако во областа Нагорно Карабах на границата со соседот Азербејџан се случуваат воени инциденти (бомбардирање на двете страни), па неизвесно е што ќе се прави со меѓународните фудбалски мечеви кои треба да се играат во Ерменија. Арарат и Црвена ѕвезда на 1 октомври треба да играат дуел од квалификациите во Лига Европа.

Сега УЕФА треба да одлучи дали ќе се игра некаде на неутрален терен што е најреална опција во моментов. Има и две други варијанти, но тие се потешко остварливи. Едната е да се игра во Ереван како што беше планирано, или Ѕвезда да добие службена победа.

- Оглас -

Најнови вести