Прогнозер од Македонски Брод со „старомодна“ обложувачка класика, до одлична добивка!

Еден обложувач кој во петокот вечерта уплатил тикет во објект на Sport Life во Македонски Брод влогот од 70 денари го претвори во одлична бруто-добивка од 102.869 денари.

Овој „класичар“ од Брод на тикетот наредил 14 пара и кај сите играл на конечен тип. За негова среќа, резултатите му одеа во прилог и тикетот е добитен.

На тикетот играни се кецови и двојки на фудбалски мечеви од повеќе лиги низ Европа. Има мечеви од петок, сабота и недела. Може да се каже дека најкритичен меч му бил саботниот помеѓу Челзи и Вест хем, каде што се чекаше победа на домашните, а гостите поведоа со 1-0 во текот на второто полувреме. Сепак, голот на Кај Хаверц во 88-мата минута го остави тикетот во игра до недела, а неделните средби минаа „како подмачкани“.

БРОЈОТ 1 И БУКВИТЕ ГГ ИЗРАДУВАА ВАЛАНДОВЧАНЕЦ

Во Sport Life во Валандово, со 150 денари уплата има добитен тикет кој носи бруто 73.108 денари. На тикетот има пет фудбалски натпревари и кај сите играта е иста: 1 & ГГ.

Играни се саботни натпревари од англиските лиги и, за среќа за овој валандовчанец, на сите пет дуели победуваа домашните екипи, иако тие примаа и гол.

 

- Оглас -

Најнови вести