15.8 C
Skopje
четврток, 16 октомври 2025

Прогнозерите им веруваат на Баерн и на Ливерпул

Во тек е типувањето за новото, петто коло од најпопуларната бесплатна игра во Македонија, Спортската прогноза на Sport Life, а веќе се наѕираат фаворитите според изборот на мнозинството учесници.

Во основната „13-ка“ оваа недела има три дерби-натпревари кои го привлекуваат најголемото внимание: Ливерпул – Манчестер јунајтед, Баерн Минхен – Борусија Дортмунд и Рома – Интер.

Голем број прогнозери веќе ги внесоа своите типови, а можноста за промена на прогнозите останува отворена до сабота попладне. Според моменталните податоци, огромен број прогнозери очекуваат победа на Баерн Минхен против Борусија Дортмунд, а не е помал процентот и на оние кои сметаат дека Ливерпул ќе го совлада ривалот од Манчестер.

Типувањето е отворено до сабота во 15:00 часот, кога започнува првиот натпревар од понудата, Лече против Сасуоло.

Прогнозерот што ќе ги погоди сите 13 натпревари ќе добие iPhone 16 како награда. За 12 погодени следува ваучер од 1.000 денари во Sport Life, а за 11 погодени натпревари – ваучер од 500 денари.

- Оглас -

Најнови вести