Вкупно 1.374 прогнозери учествуваа во 14-тото коло на Спортска прогноза со надеж дека нивното типување на приложените 13+2 парови ќе им ја донесе главната награда – iPhone XS. Од вкупно 13 парови, пет се одиграа вчера, додека за денес се предвидени седум дуели.
Ако се потпреме на прогнозите на овие 1.374 учесници, може да се состави тикет во Sport Life со голема квота од 1.108. Најсигурни, или зицери за денешниот ден се Њукасл и Милан.
Тимот на Стив Брус на домашен терен го пречекува Саутхемпон во обидот да се оствари шестата победа сезонава, а „кецот“ носи квота од 2.70, односно 75,5% од прогнозерите очекуваат триумф на домаќините. Милан вечерва гостува во Болоња, меч во којшто Росонерите ќе се обидат да наредат втора победа, па затоа 60,8% од прогнозерите очекуваат „двојка“, а секако мами и коефициентот од 2.50.
Прогнозерски тикет:
Бетис – Атлетик Билбао X (3.10)
Њукасл – Саутхемптон 1 (2.70)
Норвич – Шефилд јунајтед 1 (2.85)
Спал – Бреша 1 (2.18)
Ремс – Сент Етјен X (3.10)
Брајтон – Вулверхемптон 2 (2.75)
Болоња – Милан 2 (2.50)
Вкупен коефициент: 1.108