Осмото коло на Спортска прогноза е рекордно, бидејќи 1255 играчи земаа учество. Во една таква ситуација и оечкувано е што по вчерашните дуели, има прогнозер кој е во трка за главната премија IPhone XS. Од денешната понуеда на Спортска прогноза, треба да се одиграат дури седум меча, а интересно е што на четири од нив се очекуваат сигурни “победи на домаќините.
Четири од петте вчерашни средби завршија „кецови“, а прогнозерите во голем број се убедени дека уште најмалку четири триумфи на домаќините ќе има и денеска. Иако е меч кој е решриза на последното финале од Лигата на шампиони, дури 77,8 отсто очекуваат Ливерпул да го победи Тотенхем во дербито кое ќе се игра попладнево на „Енфилд Роуд“. За победа на Ливерпул коефициентот е 1,60 во Sport Life, што само се потврдува дека домаќинот е голем фаворит.
Најмногу проценти за победа денеска има Торино против Калјари. Триумф на домаќините очекуваат дури 82,7 отсто од играчите на Спортска прогноза, а коефициентот е 1,95. Со точно 70 отсто се мерат шансите за радост на Рен против Тулуз, а коефициентот е 1.97. Четвртиот сигурен „кец“ е дуелот меѓу Рома и Милан. Росонерите се во криза и тоа треба да го искористи домаќинот на „Олимпико“, од кого победа очекуваат 54,7 отсто од прогнозерите. Во триумф на гостите се надеваат само 11 отсто, па затоа примамливо е да се одигра фикс еден на коефициент 2,28.
Њукасл – Вулверхемптон и Фиорентина – Лацио се двата меча на кои речиси 50 отсто од играчите на Спортска прогноза, очекуваат да нема победник. За „икс“ на англискиот меч типувале 46,1 отсто, додека нерешено во Фиренца очекуваат 48,5 отсто. Коефициентите за нерешено на овие средби се 3, 00 во Англија и 3,40 за дуелот во Серија А.
Да не биде дека на овој виртуелен тикет ниту еден гостин нема да победи се погрижи Валенсија, која е фаворит на гостувањето кај Осасуна. Дури 62,8 отсто од прогнозерите веруваат во триумф на Лилјаците, а коефициентот е 2,70.
Ако се соберат коефициентите на сите овие седум натпревари, се добива вкупен коефициент од 385,9, што значи дека за 100 вложени денари можната добивка би била 38.593 денари. Вреди да се проба, ако се знае дека ова е тикет во чие составување учествуваат 1.255 играчи на Спортска прогноза.