Прогнозерите нудат една сигурна и дури четири икса за денеска, двајца се во игра за ајфонот

Вкупно 2.172 учесници имаше во 19-тото коло на Спортска прогноза, а од нив двајца (Кристијан М. и Христијан Т.) ги погодија исходите на сите шест саботни натпревари, па денеска се во исчекување на некоја од наградите, зошто да не и премијата, „Ајфон 11“, доколку ги погодат преостанатите седум парови од основната понуда.

„Ајфонот“ е недостижен за сите други, но голем е бројот на прогнозери кои се надеваат дека може да фатат 12-ка или 11-ка, па на нивните СЛ картички да легнат ваучери од Sport Life во вредност од 1.000 или 500 денари.

За денеска останаа да се доиграат уште седум меча, а ако се земат во предвид прогнозите со кои се изјасниле најголем процент од прогнозерите во ова коло, може да се состави феноменален тикет со коефициент од 934,4. На тој тикет би имало дури четири „икса“.

На тој тикет кој го предлагаат најголем број од речиси 2.200 учесници на Спортска прогноза во ова коло, сигурен „кец“ е само на холандското дерби Ајакс – Феенорд. Победа на Копјаниците прогнозирале дури 93,4 проценти од играчите. Победа на домашните се очекуваат и на португалскиот меч Насионал – Мореинренсе (три четвртини типувале така), и на големото дерби Ливерпул – Манчестер јунајтед. Точно 60,7 проценти прогнозираат победа на Црвените против Ѓаволите.

Првите денешни натпревари од колото на Спортска прогноза почнуваат во 15 часот, а освен овие три кеца, се нудат и четири ремија со квоти над 3.

Над половината, 53,1 отсто прогнозери мислат дека средбата Ница – Бордо ќе заврши нерешено, а најмногу прогнози на реми има и кај другиот француски пар, Стразбур – Сент Етјен, 48,5 проценти. Точно 51,3 проценти мислат дека и истанбулското дерби Бешикташ – Галатасарај ќе заврши со икс, како и италијанското дерби Интер – Јувентус. За реми на „Џузепе Меаца“ типувале 40,4 отсто, што не е многу, но повеќе од бројката на прогнозери кои типувале единица или двојка.

Според процентите, калкулациите за добитен тикет од прогнозерите, покажуваат дека за 100 вложени денари, можната добивка е 93.400 денари!

- Оглас -

Најнови вести