Три дерби-мечеви се во фокусот на вниманието кај прогнозерите во 28-мото коло. Во Хрватска, во Сплит, Хајдук ќе биде домаќин на Динамо Загреб во дуелот на двата најтрофејни клуба во оваа земја. Повеќе од 1.000 прогнозери досега ги дадоа своите фиксови, а интересно е дека речиси се израмнети шансите како за Хајдук така и за Динамо да победи, но најголем дел од нив (повеќе од 40 отсто) веруваат дека ќе биде нерешено.
Во Италија има две римско-милански пресметки. Интер е домаќин на Лацио, а речиси 75 отсто, односно три четвртини од прогнозерите очекуваат Нераѕурите да ги освојат трите бода. На „Олимпико“ во Рим ќе играат Рома и Милан, а тука прогнозерите се многу поподелени. Речиси по 30 отсто има за „кец“ и за „двојка“, а најголем дел од прогнозерите (40 отсто) очекуваат да биде нерешено.
Освен овие дерби-мечеви, во понудата за ова коло има уште 10 интересни средби од најсилните лиги во Европа и едноставно предизвик е секој да се обиде да погоди Среќна 13-ка, односно да ги погоди фиксовите на сите 13 понудени парови.
За перфектно погодување, прогнозерот со погодени 13 натпревари одбира еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, X Box Series X). Прогнозерот со погодени 12 натпревари добива ваучер од 1000 денари, а прогнозерот со погодени 11 натпревари ќе добие ваучер од 500 денари.