Прогнозерите се јасни: Реал Мадрид ќе ја победи Барселона во Ел Класико, Сити лесно ќе се справи со Челзи

Новото коло на Спортска прогноза е во тек, а оние кои веќе ги одиграа своите парови, јасно покажуваат како се определини кога се работи за најголемото фудбласко дерби во светот меѓу Реал Мадрид и Барселона.

Популарното Ел Класико ќе се игра в недела, на „Сантијаго Бернабеу“, а две третини од прогнозерите (67 отсто) веруваат дека Реал Мадрид ќе победи. Останатата третина од прогнозерите се поделени за „икс“ и за „двојка“, што значи дека помалку од 20 отсто чекаат Барселона да триумфира на теренот на најголемиот ривал.

И второто дерби кое се игра викендов е со јасен фаворит. Манчестер сити и Челзи играат во Купот, а над 80 отсто веруваат дека Граѓаните ќе победат во регуларните 90 минути. Како еден од најголемите фаворити е и Рајо Валјекано на македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски. Рајо на свој терен игра против Осасуна, а над 70 отсто чекаат победа на тимот од Мадрид.

Како во секое коло така и сега, за сите прогнозери главен предизвик е да се стигне до Среќна 13-ка, односно да се погодат сите 13 пара. Прогнозерот со погодени 13 натпревари одбира еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5). Со 12 погодци се добива ваучер од Sport Life  во вредност од 1.000 денари, а 11-ката вреди ваучер од 500 денари.

- Оглас -

Најнови вести