Прогнозерите составија тикет кој минимум носи 15.000 денари, а најмногу веруваат дека Мурињо ќе му одржи лекција на Челзи

Лондонското дерби меѓу Тотенхем и Челзи е во фокусот на денешните мечеви во Топ 5 лигите. Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо ќе игра против тимот со кој се има радувано на титули во Премиер лигата, а сега целта му е да го порази Челзи.

Точно 1.351 прогнозери беа дел од ова коло на Спортска прогноза, а интересно е што помалку од 9 отсто веруваат дека Челзи може да победи на теренот на Тотенхем. Дури 65,8 отсто очекуваат Мурињо да се радува против својот екс клуб, а коефициентот во Sport Life е 2,45. 

Дерби ќе има и во Италија. Аталанта сезонава и оправдано е фаворит против Милан, ако се знае дека тимот од Бергамо се избори за место во Топ 16 фазата од Лигата на шампиони, а Росонерите играат многу променливо. Во „кец“ веруваат 50,9 отсто од прогнозерите, а тој вреди 1,85 коефициент.

Во вториот меч од Серија А, 45,7 отсто прогнозери веруваат дека нема да има победник на дуелот Лече – Болоња, а коефициентот е 3,65. За нерешено најмногу проценти има и на мечот Леганес – Еспањол (44,2 отсто), а коефициентот е 3,00.

Сосиедад треба да ја победи Осасуна во Памплона, ако се верува на 59,1 отсто од прогнозерите. Коефициентот за двојка е навистина примамлив 2,60. За победа на Фортуна има три шестки. 66,6 отсто веруваат во победата на тимот од Дизелдорф во дуелот против Унион Берлин, а коефициентот е 2,70.

Како за крај на неделниот тикет составен од процентите на прогнозерите, Јувентус ќе се радува на трофејот во Суперкупот на Италија во дуелот против Лацио. 82,8 отсто оечкуваат победа на Старата дама, а коефицентот за тоа е 2,15.

Вкупно на седумте денешни меча од понудата на Спортска прогноза и тикетот составен според најголемиот дел од процентите на 1.351 прогнозери, вкупниот коефициент е 749, што значи дека за минимална уплата од 20 денари, може да заработите 14.980 денари во Sport Life. Едноставно вреди да се проба.

 

- Оглас -

Најнови вести