Прогнозерите советуваат за денеска да направите тикет со квота 344

Откако вчера никој не ги погоди сите шест натпревари од основната понуда на Спортска прогноза (само 8,7 проценти прогнозираа победа на Баер Леверкузен над Борусија Дортмунд), за денеска остануваат уште седум меча на кои типуваа 1.329 обложувачи кои имаат Sport Life картичка и редовно учествуваат во бесплатната игра која може да ви донесе вредни награди.

Има прогнозери со по само една утка од вчерашните мечеви, па тие се во игра за еден од двата вредни ваучери.

Ако се земат во предвид квотите од најголемиот процент на прогнозираните исходи, за денешните седум меча прогнозерите нудат тикет со вкупна квота од 344.

Неделните мечеви во Шпанија кои се играат на пладне, многу често завршуваат со победа на домашниот тим, па затоа и дури 87,1 проценти од учесниците во 22-рото коло типувале „кец“ на дуелот Еспањол – Мајорка. Коефициентот е 1.71 и тоа е најмалата квота која ја нудат прогнозерите.

Од Шпанија го има и баскиското дерби Реал Сосиедад – Атлетик Билбао. Две третини сметаат дека ќе слават домашните, а квотата за единица е 2.10.

Дури четири меча се од италијанската Серија А. За СПАЛ – Сасуоло, предлогот е двојка, 43,9 отсто од прогнозерите сметаат дека Сасуоло ќе ги освои трите бода. Ако се обложите на победа на гостите, квотата е 2.60. Уште поголема е квотата (3.20) за нерешено на мечот Бреша – Удинезе. За реми на овој меч се изјасниле 43 проценти од играчите на Спортска прогноза, повеќемина отколку за единица или двојка.

Во победа на Џенова над Калјари веруваат 65,4 проценти од прогнозерите, а кецот во Sport Life е со коефициент 2.45. Дури 76,1 отсто му дадоа предност на Интер против Милан. Победа на Интер е со квота 2.00.

Останува уште францускиот меч Стразбур – Ремс. Тука треба да биде единица, така типувале 77,1 проценти од играчите. Квотата за победа на Стразбур е 2.35.

Тикет во Sport Life според прогнозите и советите на учесниците во 22. коло на Спортска прогноза:

Еспањол – Мајорка 1 (1.71)

СПАЛ – Сасуоло 2 (2.60)

Реал Сосиедад – Атлетик Билбао 1 (2.10) 

Бреша – Удинезе Х (3.20)

Џенова – Калјари 1 (2.45)

Стразбур – Ремс 1 (2.35)

Интер – Милан 1 (2.00)

ВКУПЕН КОЕФИЦИЕНТ: 344.03

 

- Оглас -

Најнови вести