12.8 C
Skopje
петок, 7 ноември 2025

Прогнозерите веруваат во Манчестер сити, многу понеизвесен е дуелот Тотенхем – Манчестер јунајтед

Типувањето за најпопуларната бесплатна игра во Македонија, Спортската прогноза на Sport Life, е отворено до утре, а нови 13 натпревари се предизвик за играчите.

Најинтересниот меч се игра в недела. Премиерлигашкото дерби меѓу Манчестер сити и Ливерпул е главниот предизвик за играчите, но интересно ќе биде и на мечот меѓу Тотенхем и Манчестер јунајтед.

Според досегашните типувања, Манчестер сити е фаворит во пресметката со Ливерпул. Дури 61% од прогнозерите сметаат дека Граѓаните ќе слават против тимот на Арне Слот.

Многу понеизвесно е на мечот Тотенхем – Манчестер јунајтед. За двата тима се определиле по 36% од типувачите.

Во понудата на Спортската пронгоза, Премиер лигата е најзастапена со четири меча, три натпревари се од шпанската Ла Лига, а по два дуела има од италијанската Серија А, германската Бундеслига и француската Лига 1.

Прогнозерот кој ќе има 13 погодени натпревари на подарок ќе добие iPhone 16. За 12 погодени меча следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари. Најдобриот во генералниот пласман ќе добие подарок смарт телевизор самсунг 55“.

- Оглас -

Најнови вести