Легендарниот бразилски фудбалер Едисон Арантес до Насименто Пеле, кој се наоѓа во болница во Сао Пауло, веќе се простил од семејството и пријателите, објавија медиумите од целиот свет.
На социјалните мрежи се појави потресно видео во кое тешко болниот Пеле се простува од најблиските.
https://twitter.com/i/status/1607139336293650435
Здравствената состојба на фудбалерот кого ФИФА го прогласи за најдобар во 20-тиот век се влоши во последните недели и на 29 ноември беше примен во болница во Сао Пауло, а поради ракот на дебелото црево, има големи проблеми и со срцето и со бубрезите.
„Болеста напредува и потребно е некој да биде покрај него“, порачаа од болницата „Алберт Ајнштајн“, во која се лекува Пеле.