6.8 C
Skopje
вторник, 10 февруари 2026

Проклетството продолжи: Дрејк се обложил „патриотски“ и загубил еден милион долари

Познатиот рапер и обложувачки малер, Дрејк, повторно изгуби голема сума пари.

Овојпат тој улати еден милион долари дека на Суперболот Њу Ингланд патриотс ќе го победи Сиетл сихокс, но големото финале на НФЛ-лигата финишира со победа на Сиетл од 29-13.

Канадскиот рапер, кој е петкратен добитник на наградата „Греми“, уплатил милион и чекал добивка од 2,9 милиони. Тој дури и се пофалил на социјалните мрежи и порачал: „Обложете се против мене ако смеете“.

Дрејк има богата историја на утки, па неговиот случај се нарекува „Проклетството на Дрејк“, дури има и веб-сајт со тоа име. На сајтот има и податок дека Дрејк погодил само 30 од 84-те обложувања на големи пари.

Тој за себе не мисли дека е малер.

„Смешно ми е тоа. Ако бев толкав малер и проколнат, Торонто репторс немаше да стане шампион на НБА“, изјави Дрејк во 2019 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести