Неколку дена по завршување на сезоната во англиската Чемпионшип лигата, челниците на Ватфорд му дадоа отказ на тренерот Том Клеверли. Овој стратег успеа да се задржи на клупата на Ватфорд 13 месеци, откако во април 2024 година беше назначен за предводник на тимот.
На крајот од сезоната Ватфорд заврши на 14-тото место со 57 бода, што се 11 бодови помалку од тимот на Бристол, кој заврши на шесттото место и обезбеди место во плејофот и борба за влез во Премиер лигата.
На 52 меча како предводник на тимот на Ватфорд, Клеверли запиша 19 победи, но во последните девет меча во првенството, неговиот тим славеше само еднаш и поради тоа сега доби отказ.
Ватфорд е познат како клуб кој едноставно сака да ги менува тренерите. Од 2020 година досега се сменија 11-мина тренери и сега во потрага се по 12-тиот предвоник на екипата. Ако се погледне историјата од 2012 година досега, во последните 13 години Ватфорд смени дури 20-мина тренери.