Пронајден мртов навивачот кој го нокаутира Грилиш

Навивачот Пол Мичел, кој стана „славен“ по инцидентот од 2019 година, кога вртча на терен и го нокаутира Џек Грилиш, беше пронајден мртов. Мичел имаше само 32 години, а зад себе остави жена и три деца. Не се знае точната причина за смртта, но од семејството потврдија дека Пол починал.

„Без него веќе ништо нема да биде исто“, кратко прокоментира неговата мајка.

Пол Мичел беше познат како голем навивач на Бирмингам, а на еден дуел против градскиот ривал Астон вила успеа да втрча на теренот и од зад грб да го удри капитенот на гостите, Џек Грилиш. Дури по ударот, редарите успеаја да го фатат и да го исфрлат од теренот.

За овој инцидент, Мичел беше осуден на 14 недели затвор, но беше ослободен само по четири недели поминати зад решетки. Тој воопшто не се покаја за тоа што го направи.

„Тоа беше најдобриот месец во мојот живот. Секако дека ми е драго што сум надвор затоа што ми беше тешко да сум далеку од семејството. Не мислам да се извинам за ништо“, рече Мичел по излегувањето од затвор.

- Оглас -

Најнови вести