Пропаѓа трансферот на Дембеле во ПСЖ? Французинот се врати на тренинзите на Барселона

Осман Дембеле уште пред некој ден требаше да биде нов фудбалер на ПСЖ. Французинот беше во Париз и се очекуваше тој да потпише договор со Светците, но тоа не се случи и тој се врати на тренинг со екипата на Барселона.

Пред тренинг-кампот на Каталонците беше пречекан од група на навивачи на Барселона кои иронично го поздравија неговото враќање на тренинзите.

Светските медиуми објавија дека ПСЖ ќе ја активира неговата откупна клаузула од 50 милиони евра, но Барселона едноставно ги игнорираше нивните пораки и понуди. Според договорот, обесштетувањето требаше да го поделат Барселона и Дембеле, а дури се појавија информации дека францускиот репрезентативец се откажал од 15 милиони евра од неговиот дел само за да потпише за ПСЖ.

Претходно Дембеле одби понуда од 100 милиони евра од Ал-Хилал од Саудиска Арабија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести