Прослава опасна по живот (видео)

Сасуоло со убедливи 3-0 денес славеше против Спал, а за втората овосезонска победа во Серија А многу придонесе Франческо Капуто со два гола. Голгетерот на домаќините прво заби во 26-тата минута, а пред паузата го зголеми водството за Сауоло и практично го трасираше својот тим кон успешниот резултат.

Во моментот кога Капуто го постигна вториот гол, се залета да прослави кон навивачите, а таак одлука можеше да биде кобна. Во обид да ги прексокне рекламите, Капуто несмасно падна, но веднаш се исправи со насмевка на лицето по комичната сцена.

- Оглас -

Најнови вести