Доминик Тим ќе го предизвика Новак Ѓоковиќ за титулата на Отвореното првенство на Австралија откако австрискиот тенисер го совлада Александер Зверев по четири сета со 3-6, 6-4, 7-6, 7-6.
Тим мораше да прави пресврт по доминацијата на Германецот во првиот сет, а потоа успеа да возврати со иста мера. Последните два сета се одлучуваа на тајбрејк, а Зверев ќе жали за пропуштената шанса да поведе со 2-1 во третиот сет откако не искористи две сет-топки.
За Тим ова ќе биде трето финале на Гренд слем, откако претходно двапати играше на Ролан Гарос, а во двата наврати загуби од Рафаел Надал.