Бен Фостер ја продолжи серијата на голмански киксови по фудбалкиот камбек по неколкумесечната пауза предизвикана од корона-вирусот. Голманот на Ватфорд му асистираше на Ингс кој зголеми во корист на Саутхемптон за 2-0 и така ја најави победата на гостите во мечот од 32-то коло во Премиер лигата.
Екснапаѓачот на Ливерпул реализира два гола против Стршените од кои вториот гол беше подарок. Бендарек со автогол им даде надеж на домаќините на десетина минути до крајот, но Вард-Проус ги реши сите дилеми во 82-та минута за конечни 3-1 и триумф за Светците.
Саутхемптон по 32 натпревари стои на 13-тото место на табелата со 40 бода, додека Ватфорд ќе се мачи до крајот на сезоната да опстане во англиската елита.
https://twitter.com/PLFrance_/status/1277286335691227137