Косовскиот новинар Арлинд Садику неодамна беше избркан од службената позиција на Европското првенство, откако му беше одземена прес акредитацијата поради провоцирање на српските навивачи на дуелот против Англија во рамките од првото коло.
Освен Садику, со непромерно однесување се истакна и албанскиот репрезентативец Мирлинд Даку, кој по мечот против Хрватска непромислено реши да го навредува македонскиот народ, упатувајќи пцовки, иако Македонија воопшто не е дел од ЕП.
Од УЕФА отворија постапка против Даку и се очекува тој да не биде во комбинација за дуелот од третото коло против Шпанија. Избрканиот новинар Садику денеска на социјалните мрежи упати порака дека за дуелот против Шпанија ќе навива во дресот на Даку.
„Во овој дрес ќе навивам на дуелот против Шпанија“, напиша Садику на фотографијата на која во рацете држи дрес од Даку.
View this post on Instagram