Челзи вечерва (21 часот) на домашен терен против Ватфорд ќе се обиде да се поправи по поразот од Вест хем во малото градско дебри. Сините сè уште имаат предност во трката за четвртото место на табелата и пласманот во ЛШ, меѓутоа Манчестер јунајтед и Вулверхемптон се екипите кои му дишат во врат на тимот на Френк Лампард.
Како најава за средбата на „Стемфорд бриџ“, Челзи на профилите на социјалните мрежи објави провокативна фотографија на која Вилијан, Кристенсен и Пулишиќ држат тепачиња за инстекти и ги чекаат Стршените да им одржат лекција.
Ова може само да го налути незгодниот Ватфорд кој се бори за опстанок и уште нема остварено победа во трите кола по рестартот на сезоната.