Провокација на Пике со аплауз кон судијата: Ајде можеш да ни исклучиш уште еден играч! (Фото)

Жарарт Пике повторно реагираше со многу иронија на дуел со Еспањол, иако овојпат не ги „закачи“ градските ривали од Барселона на дербито што неговиот тим го доби со 1:0.

Камерите го фатија стоперот на Барса како на ироничен начин му аплаудира на судијата Мунуера Монтеро по одлуката да го исклучи Ансу Фати во 50-тата минута.

Фати влезе четири минути претходно и имаше груб старт над Фернандо Калеро, за што беше исклучен по консултација на Монтеро со неговите асистенти во ВАР-собата.

Пике реагираше со аплауз и со провокација кон судијата Монтеро: Ајде можеш да ни исклучиш уште еден играч, се зборовите на стоперот на Барселона што ги пренесоа шпанските медиуми.

Само три минути подоцна се смени расположението кај Пике, по остриот старт на Лозано врз него. И повторно имаше исклучување со помош на ВАР-системот, овојпат за играчот на Еспањол.

„Чист црвен картон“, беше конверзацијата на Пике со главниот арбитер, кој ја смени одлуката, го поништи жолтиот картон за Лозано и го исклучи играчот на Еспањол.

Потоа Луис Суарес погоди во 56-тата минута за победа на Барселона од 1:0, со што Еспањол и официјално испадна од Ла Лига.

Пике е еден од најомразените играчи за навивачите на Еспањол откако ги нарече мал клуб што не може ниту да го наполни стадионот кога им гостува гигант како Барселона.

Од редовите на лутиот ривал веднаш му одговорија со фудбалска разгледница скроена од над стогодишното постоење на Еспањол (клубот постои од 1900 година), а оттогаш продолжија недоразбирањата на двете страни.

 

- Оглас -

Најнови вести