Прв лет на „лилјаците“

После четири ремија по ред, Валенсија конечно дојде до првата победа сезонава во шпанската Примера. Во Сан Себастијан, совладан е Реал Сосиедад со 1:0.

Клучните моменти на средбата се случија во 36. и 67. минута. Во 36-тата минута, Кевин Гамеиро добро реагираше по уфрлањето на Денис Черишев, и постигна гол, за кој се покажа дека е доволен за освојување на трите бода. За Гамеиро, ова е прв лигашки погодок во дресот на „лилјаците“ од Валенсија.

Во средината на второто полувреме, беше досуден пенал за домашните. Тоа беше нивната најчиста шанса за изедначување на резултатот, но шутот на Бразилецот Вилијам Жозе, беше одбранет од неговиот сонародник Нето, кој го брани голот на Валенсија.

Кај Реал Сосиедад се повредија Микел Мерино и Салдуа, и тоа ги зголеми грижите.

- Оглас -

Најнови вести