Прв случај на фудбалер во Италија заболен од коронавирусот

Италијанскиот медиум „Ла национе“ го потврди првиот случај на фудбалер заболен од коронавирусот. Идентитетот на фудбалерот не е откриен, но се знае дека игра во третата италијанска лига за тимот на Пијанесе.

Фудбалерот доброволно се пријавил во карантин во неделата, откако здравствената состојба му се влошила во пресрет на последниот меч на неговата екипа, во кој не учествувал. Со специјално возило го пренеле до Инфективниот оддел во болницата во Сиена, каде што му извршиле тестирања, а тие  биле позитивни на смртоносниот вирус.

Сепак, како што пренесуваат медиумите, од болницата тврдат дека состоjбата на фудбалерот засега е нормална.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести