Лајпциг во шестото коло успеа да стигне до првиот триумф во Лигата на шампионите оваа сезона. Германскиот тим славеше на домашен терен против Спортинг Лисабон со 2-1, а Елиф Елмас повторно не доби шанса за настап и остана на клупата за резерви.
Бењамин Шешко во 19-та минута го отвори резултатот, а возврати најдобриот стрелец на Спортинг, Виктор Ѓокереш во 75-та минута. Сепак, само три минути подоцна Јусуф Полсен постигна победнички погодок за Лајпциг.
Шахтјор Доњецк го победи Брест со 2-0. Кевин во 17-та минута обезбеди предност за украинскиот состав, а Судаков од пенал погоди за 2-0 во 37-та минута.