Севилја немаше победа на својот стадион уште од 26-ти септември, против Атлетико Мадрид имаше само три победи на претходните 26 дуели на „Рамон Санчес Пичуан“, но вечерва андалузијците ги победија Јорганџиите со 1-0, со гол на Исак Ромеро.
Проблем за Атлетико е и тоа што им се повреди напаѓачот Алваро Мората. Севилја првпат сезонава врза две победи по ред и сега е на шест бода зад опасната зона.
Атлетико е на 13 бодови негатива зад Реал и може да се каже дека е отпишан од трка за титулата во шпанската Ла Лига, иако има уште 14 кола.
Дека ова не беше нивна вечер, доказ е и една нереализирана шанса. Гризман шутна, Хезус Навас од гол линија ја извади топката, а Депај не се снајде и не постигна гол.
Погледнете:
https://twitter.com/i/status/1756756345494106301