Прва европска победа за женски клуб од Македонија после 12 години

Македонскиот женски фудбалски шампион, Љуботен од Тетово, го победи Кардиф сити со 2-0 во утешниот меч за трето место на турнирот во Холандија од разигрувањето за место во Лигата на шампионите.

Овој триумф е многу значаен за Љуботен, бидејќи е прв на европска сцена во нивната историја, а ова им беше шести меч. Победата на тетовскиот тим е прва за еден македонски женски фудбалски колектив од 2012 година наваму (тогаш Наше Такси го победи Сконто Рига со 5-2).

Денешната победа на донесе Хава Мустафа која неодамна дојде во Љуботен и во денешните два гола покажа дека е одлично засилување.

Љуботен остана без место во ЛШ, но со победата над Кардиф си набилда клупски коефициент и ќе добие повеќе пари од УЕФА.

- Оглас -

Најнови вести