Прва сензација на азискиот куп, Јордан ја победи Австралија

Јордан приреди првокласна сензација со стартна победа на азискиот куп против еден од главните фаворити за титулата, Австралија.

Стоперот Анас Бани Јасен постигна погодок во 26. минута, а Јордан беше многу поопасен се до финишот на мечот. Австралијците се обидоа да спречат сензација, нападнаа во последните десеттина минути, но веќе беше предоцна да се спасат од пораз.

Купот се игра во Обединетите Арапски Емирати, а во групата Б со Јордан и со актуелниот шампион Австралија се Палестина и Сирија. Тие две селекции ќе играат денеска од 17 часот.

- Оглас -

Најнови вести