Екипата на Лос Анџелес доџерс е новиот шампион во МЛБ бејзбол професионалната лига во САД. Во шестиот меч од Светската серија, Доџерс со 3:1 славеа над Тампа Беј рејс и со вкупни 4:2 во победи стигна до титулата. За тимот од ЛА ова е вкупно седма титула во историјата, а прва по пауза од 1988 година.
Со победата на Доџерс, градот Лос Анџелес гордо може да се фали дека годинава дава два шампиони од четирите најатрактивни американски спортови затоа што само пред 20-тина дена ЛА лејкерс ја освоија рекордната 17-та титула во НБА-лигата.
За Доџерси ова беше трето финале во последните четири сезони, но првпат по повеќе од три декади се израдуваа на трофејот. За Тампа беј ова беше второ финале во клупската историја и втор неуспех.
Меѓу најсреќните за титулата на Доџерс беше легендарниот НБА кошаркар Меџик Џонсон, кој е еден од сопствениците на клубот. Меџик е дел од сопствениците на групацијата Guggenheim Baseball Management, која го купи клубот во 2012 година.
Со оваа титула, Меџик може да се пофали дека бил шампион во три различни лиги. Како играч освои пет трофеи во НБА-лигата, а потоа како дел од сопствениците се има радувано и на титула во женската НБА, кога шампиони беа ЛА спаркс.
Magic Johnson is now a champion in THREE different leagues:
• 5x NBA Champion as a Laker
• WNBA Champion as Sparks owner
• World Series Champion as Dodgers owner pic.twitter.com/cqYQ5DD1KM— SB Nation (@SBNation) October 28, 2020
Титулата на Доџерс ја поздрави и првата ѕвезда на Лејкерс, Леброн Џејмс, кој побара повторно да има шампионска парада низ градот, но никако да не се заборави носењето на маски, како заштита од корона-вирусот. Здравствената организација во Лос Анџелес се пожали дека бројот на заразени во градот е зголемен во последните 15-тина дена, а тоа најверојатно е поради прославата на титулата на Лејкерс.
PARADE PARADE PARADE!!! *Safely with 😷😷😷😷😷
— LeBron James (@KingJames) October 28, 2020