Њујорк либерти за првпат по 28 години натпреварување во женската ВНБА-лига стана првак на оваа лига.
Во мајсторката (петти меч), Њујорк по продолжение од пет минути ја победи Минесота со 67-62 и со 3-2 го доби ова големо финале, а за МВП беше прогласена натурализираната босанска репрезентативка Џонкел Џонс.
Џонс имаше 17 поени и 6 скока, многу подобро од придонесот на другата ѕвезда Сабрина Јонеску, позната како женскиот Стеф Кари, која одигра катастрофално и погоди само еден шут дури од 19 обиди и заврши само со пет поени.