Прва титула за Синер на трева, и најави кандидатура за трофејот на Вимблдон

Прворангираниот тенисер на АТП листата, Јаник Синер, за првпат во професионалната кариера освои еден турнир кој се игра на тревната подлога.

Синер во денешното финале на АТП 500 турнирот во Хале, го победи својот пријател и партнер за игра во двојки, Полјакот Хуберт Хуркач, со 7-6, 7-6. Двајцата тенисери сервираа добро, немаше ниту еден освоен гејм на противнички сервис, а во двата тај-брејка, подобро се снајде Синер. Во тај-брејкот во првиот сет и Хуркач имаше една сет-топка, но не ја искористи.

Победата на Синер во Хале му гарантира дека уште барем еден месец ќе биде прв на АТП, нема шанса после Вимблдон да биде симнат од врвот, дури и ако испадне во првото коло.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести