Први фаворити се за златото на ЕП, а веќе се искараа меѓу себе

Голгетерот на француската репрезентација Оливие Жиру се пожали на себичноста на дел од неговите соиграчи и ја разгори атмосферата меѓу Галските петли. Франција е актуелен светски првак и прв фаворит за трофејот на континенталниот собир, но сега може ситуацијата да се промени откако Жиру директно го посочи Килијан Мбапе дека не сакал да му подава.

На последниот контролен меч против Бугарија, Жиру влезе како резерва на местото на повредениот Карим Бензема и успеа да даде два гола во триумфот од 3:0.

„Јас само барам топки, но тие не стигнуваат до мене. Само се борам да добијам топка и да го најдам вистинското решение. Добив две асистенции од Павард и Бен Једер и успеав да реализирам. Среќен сум што му помогнав на тимот да победи. Мбапе се однесуваше срамно. Кога го напушташе теренот, неговиот израз на лицето беше како да губиме со 4:0. Па не се врти се само околу него. Не е репрезентацијата направена само за тој да биде главен“, рече Жиру, кој се смета за еден од најпотценетите напаѓачи.

За тоа што го зборува Жиру, најдобро се гледа по една акција на Франција во второто полувреме од дуелот против Бугарија, кога Мбапе ја имаше топката, Жиру му се отвори во нападот, но ѕвездата на ПСЖ не му додаде, туку се одлучи за многу полошо решение враќајќи ја топката назад.

https://streamable.com/nahvr1

Франција е прв фаворит за титулата на ЕП со коефициент 5.50 во Sport Life.

 

- Оглас -

Најнови вести