Второпласираниот на светската АТП ранг-листа, Карлос Алкарас, е вториот четвртфиналист на САД опен, откако со максимални 3-0 славеше над францускиот тенисер, Артур Риндернек.
Иако и четвртиот меч на САД опен го доби без да загуби сет, сепак, Шпанецот на мечот против Риндернек ги имаше првите проблеми. Во првиот сет нитуеден од тенисерите не успеа да направи брејк, па Алкарас го доби сетот во тај-брејк со 7-3 на поени.
Во вториот и третиот сет му беа доволни по еден брејк за да ги добие со 6-3, односно 6-4.
Противник на чешкиот тенисер во четвртфиналето ќе му биде 20-тиот на светската ранг-листа, чешкиот тенисер Јири Лехечка.