Први проблеми за Анчелоти – Реал Мадрид ќе му ја прекине семејната врска

По шестгодишна заедничка авантура, Карло Анчелоти ќе мора да ја прекине семејната врска и нема да може да го има крај себе како помошник-тренер својот син Давиде.

Анчелоти почна да го носи својот син во клубовите во кои работеше од 2015 година, односно токму кога си замина од кормилото на Реал Мадрид.

Давиде му беше член во стручниот штаб во Баерн, а потоа дури и напредуваше и беше главен асистент на својот татко Карло кога познатиот тренер беше во Наполи и во Евертон.

И сега Анчелоти го сака Давиде како прв асистент во Реал Мадрид, но Кралскиот клуб има поинакви планови и нема да го дозволи тоа. Во Реал Мадрид речиси е постојана пракса во стручниот штаб да има поранешен фудбалер на клубот, а сега изборот речиси сигурно ќе биде тоа да е Алваро Арбелоа.

Поранешниот член на Реал и на шпанската репрезентација има лиценца од УЕФА и речиси сигурно ќе му биде помошник на Анчелоти.

- Оглас -

Најнови вести